Пратенички кои го разубавуваат македонското Собрание: Политичкиот израз се огледува и во стилот

Три пратенички – Славјанка Петровска, Дијана Тоска и Јована Тренчевска – со својот моден избор демонстрираат самодоверба, вкус и политичка зрелост.
Славјанка Петровска е симбол на префинет баланс меѓу класика и свежина. Нејзините комбинации често вклучуваат струкирани костими во неутрални бои, надополнети со елегантни марами или внимателно избран накит.
Секогаш пристојно и лесно нашминкана, таа преферира природни тонови, оставајќи впечаток на решителна жена која не ја следи модата – туку ја обликува.
Фејсбук
Дијана Тоска, ја освои јавноста со својот смел моден израз. Иако секогаш во рамки на протоколарниот дрес-код, не се плаши да експериментира со кроеви, бои или детали кои носат модерна енергија.
Нејзиниот беспрекорно негуван изглед и посебно косата – секогаш е нејзин печат.
Јована Тренчевска, пак, носи елеганцијата во секој свој чекор.
Нејзиниот избор на кошули од различни текстури и дезени внесува живост во политичката сцена, а сакоата што ги носи зборуваат за храброст и женска моќ.
Овие три дами покажуваат дека политиката и стилот не се спротивставени – туку комплементарни во создавање на јавна слика со став.