Прослава во домот на Јелена Карлеуша: Голем ден за пејачката, честитки пристигнуваат од сите страни

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, членка на жирито на новите „Пинкови ѕвезди“ што наскоро ќе почнат да се емитуваат, ја сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи посебната причина што ја има за славење.

Имено, таа објави фотографија од своите ќерки, Атина и Ника, со букети цвеќе, заедно со емотивна порака за нивниот роденден. Бидејќи двете се родени на ист ден, денес во домот на Карлеуша има двојна прослава, бидејќи Ника го слави својот 16-ти роденден, а 17-тиот роденденго слави на Атина.

„На овој ден родив две девојчиња.... Мамини убавици, гордоста и паметници... сѐ мое“ - напиша Јелена.


Инаку, Јелена ќе биде во жирито во новата сезона на „Пинкови ѕвезди“ со Вики Миљковиќ, а неодамна, за време на аудиција во театарот „Одеон“, таа проговори за нивната врска.

„Немам чувство дека некогаш сме биле разделени. Нејзиното влијание врз мојот живот е толку „силно“ што дури немав ни чувство дека не сме се виделе толку години. Ние сме одлични пријателки. Вики сака комуникација со мене“ - рече Јелена во свој стил.

Фото: Фејсбук
Извор: Pink.rs