Рачната изработка е доста ценета и нуди широки пространства на креативност. Вештите раце на луѓето кои се бават со рачна изработка од кој било тип, создаваат ремек дело врамено во оригиналност.
Quill Artе еден вид филигран од хартија, што бара доста внимание, трпение додека креативноста и имагинацијата се задолжителни. Финалниот производ секогаш ќе ве остави без зборови и ќе ве воодушеви од човековата имагинација и креативност.
Денес зборуваме со Елена и Александра од Quill Art Alef, кои ги поделија своите искуства и први чекори во врска со оваа техника.
Женски Магазин За почеток, раскажете ни повеќе за Quill Art?Елена - Quill Art е техника, која кај нас, а и во светот е помалку позната. Всушност станува збор за филигран од хартија, со која се изработуваат фигури, букви, форми и слично.
Женски Магазин Од каде дојде идејата за изработка на лични имиња со оваа техника?Александра - Искрено работата со оваа техника ни дојде од подарок кој всушност го добив за син ми, ни се допадна и решивме и ние да пробаме да изработиме. Всушност излезе подобро од очекуваното и првичната поддршка дојде од најблиските пред сѐ, а тоа ни даде мотив да продолжиме да се занимаваме и понатаму со овој вид на техника и уметност. Останатото е приказна за себе, задоволни клиенти и идеи и нарачки кои продолжија да се нижат.
Женски Магазин Колку време е потребно за изработка на едно вакво дело?Елена- За изработка на ова дело потребно е пред сѐ многу креативност, трпение и желба за да работиш со овој вид на техника. Во зависност од тоа за каква нарачка станува збор, зависи и временски колку ќе одземе.
Женски Магазин Освен шарена хартија, што друго е потребно за да се изработи QuillАrt дело?Александра- За да се изработи Quill Art дело, најважна е уметноста и креативноста како главни два фактора што ќе ве водат низ целиот процес на изработка, а потоа потребен Ви е и специјален алат и лепило.
Женски Магазин Од каде ја добивате главната инспирација?Александра- Главната инспирација доаѓа од сите агли. Природата, универзумот,секојдневните трендови и случки и слично.
Женски Магазин Што најчесто бараат клиентите кога порачуваат една ваква изработка?Елена- Најчесто сите ни бараат нивното Quill Art дело да е најубаво •. Секако дека некои од нив имаат јасни идеи и желби, но најчесто оставаат и во потполност ни веруваат на нашата инспирација и креативност.
Женски Магазин Она што ни остави голем впечаток, е тоа што при изработката на едно име, останатиот празен простор во рамката е секогаш пополнет со друг мотив. Дали ова најчесто е желба на клиентот, или имаат целосна доверба во вас?Александра- Првично е наша идеја, а и имагинација во потполност.
Женски Магазин Помеѓу изработката на лични имиња и фигури, што највеќе се бара всушност?Елена- Се бараат најразлични содржини. Покрај имиња и фигури ни нарачуваат и лични текстови, логоа за фирми, љубовни мотиви, амајлии, животни и слично.Женски Магазин Каде и како можат да се образуваат заинтересираните за оваа техника?Елена- Заинтересираните можат да се образуваат на интернет за оваа техника. Многубројните туторијали нудат доста образовен материјал на оваа тема.
Женски Магазин Каде би можеле заинтересираните да ве најдат?Александра- Сите заинтересирани можат да не посетат и контактираат на нашата ФБ страна Quill Art Alef
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fbstrana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion