Регулаторна објави како ќе изгледа штедењето: Богаташите кои трошат многу струја ќе ја плаќаат по цена блиску до пазарната

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешната прес-конференција подетално ги најави промените на тарифниот систем на плаќање на електричната енергија од страна на домаќинствата, со што богатите потрошувачи, доколку и натаму трошат високо количество на струја, ќе го плаќаат по цена блиску на пазарната, што во моментов е многу поскапо.
- Станува збор за најголеми измени во тарифниот систем во историјата, во соработка со електротехничкиот и машинскиот факултет. Ќе се воведат четири или три блок-тарифи и нема да важат за евтината струја. Ние ќе биде првата таква земја во регионот која ќе примени блокови само за скапа струја, бидејќи сметаме дека евтината струја треба да остане без никакви ограничувања затоа што тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем, најави Бислимовски.
Првиот човек на регулаторот додаде дека втората сигурна работа е дека највисокиот блок на цената ќе биде многу блиску до пазарната.
- Тоа го правиме заради 17 домаќинства кои трошат 10 отсто од вкупната потрошувачка со 330 милиони киловатчасови. Тие ќе плаќаат цена блиску до пазарната. Во изминатиот период и тоа што го имавме како ресурс јагленот се повеќе се намалува и со оваа мерка ќе се намали потрошувачката и ќе започнеме со рационална потрошувачка, прецизираше тој.
Искуствата велат дека во Србија 20 години има блок-тарифи и постојат три зони - зелена дп 350 киловатчасови, сина - од 350 до 1.600 киловатласови и црвена со над 1600 потрошени киловатчасови. Косово има поделба до 800 и над 800 киловатчасови, додека во Албанијав о завршна фаза е одлуката за плаќање до 700 и над 700 киловатчасови.
Детално на Фактор.мк