Се сеќавате на колачињата - тостерки? Повторно се враќаат на трпеза: Еве рецепт за солена варијанта

Добивај вести на Viber

Кога ќе се споменат тостерки, веднаш не обзема мирисот на детството. Тие едноставни, но неодоливи колачиња што нашите мајки ги правеа на тостер – и во блага и во солена варијанта – беа неизбежен дел од секое семејно дружење, роденден или попладневно кафе.

Солените тостерки, често со сирење или сусам, беа омилена закуска, додека благите со шеќер во прав или чоколадо беа вистинско мало задоволство. Денес, повторно се враќаат на трпезата – како вкусен потсетник дека понекогаш најубавите рецепти се и наједноставните.

Потребно е:

*600 г брашно

*1 кесичка прашок за пециво

*1 лажичка сол

*80 г сусам

*80 г семки од сончоглед

*80 г семки од тиква

*40 г ленено семе

*2 дл светло пиво

*2 дл масло

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол и сите видови семиња. Истурете пиво и масло, а потоа месете го тестото. Со раце формирајте топчиња со големина на орев. Печете во претходно загреан апарат - тостер додека не поруменат.