„Се сомневав дека ме изневерува додека бев трудна“: Николина Ковач откри колку пати се разделувала од сопругот и во какви односи се сега

Добивај вести на Viber

Пејачката Николина Ковач во емотивна исповед зборуваше за својот однос со сопругот Саша Капор, со кого започна љубовна врска за време на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а подоцна ја крунисаа со брак и добија две деца.

Таа откри дека во текот на бременоста се посомневала дека Саша ја изневерил.

 „Се сомневав дека ме изневери, но изневерување никогаш не би простила. Сепак, му простив некои работи. Заедно растевме и созревавме, дававме нова шанса на нашата љубов. Бракот е комплексен и тежок, бара секојдневно давање, разбирање и борба за опстанок. Патот е во простување и баланс“, изјави Николина.

Таа призна и дека со Саша неколкупати се разделувале на неколку дена, кога заминувала кај своето семејство во Босна, а тој останувал во Белград поради работа.

И двајцата паралелно со музичката кариера вложувале во образованието. Николина дипломирала новинарство и комуникологија на Филозофскиот факултет во Источно Сараево. Саша пак, по пауза заради музиката, ја завршил својата студиска насока и станал дипломиран инженер по сообраќај.

„Секогаш сакав покрај љубовта кон музиката да ја исполнам и љубовта кон воздухопловството. Иако имав тешкотии поради патувањата и семејните обврски, успеав да ги положам сите испити и да дипломирам“, изјави Капор.

Брачната двојка денес важи за еден од најстабилните парови на естрадата, и покрај сите предизвици низ кои поминале.

Извор: Espreso /