Сезоната на гламурозни апостолки доаѓа - и ние нема да им одолееме

Добивај вести на Viber

Дојде моментот што сите едвај го чекаме — да му дозволиме на нашиот омилен педикир да заблеска под сончевите зраци и да прошетаме по песокот на плажата со леснотија и стил... И, секако, во хит обувките на летото — добрите стари апостолки!

Заборавете на здодевните гумени влечки што ги носевте досега. Сега апостолките ги освојуваат модните писти, црвените теписи, па дури и вечерните излегувања! Тие доаѓаат во полуксузни, шик верзии, украсени со омилени мотиви, метални детали и — да, добро прочитавте — дури и со потпетици што мирисаат на таа безгрижна, бескрајна летна енергија за која сите сонуваме кога живата во термометарот ќе го пробие максимумот.

За сите модни ентузијасти кои сакаат да бидат еден чекор понапред — на сцената стапуваат thong и wedge модели, кои успешно ја комбинираат удобноста и естетиката во стилот на Парис Хилтон од почетокот на 2000-тите, идеални за романтични прошетки со зајдисонцето.

Нов бран на популарност започна со луксузната соработка помеѓу Dolce&Gabbana и брендот HAVAIANAS, а по нив, во модната игра се вклучија и големи играчи како Prada, Alaïe, Loewe и Coperni. Сега има модели изработени од вештачка кожа со кроко ефект, светли бои и сјајни ремени кои го освежуваат секој аутфит. Без разлика дали одите на коктел во трендовски бар или на вечерно излегување со пријатели, овие апостолки се задолжителни. Особено оние украсени со шарени камења, циркони и детали кои ја претвораат обичната влечка во шик додаток за секој летен стил, па дури и за вечерни фустани.

Затоа апостолките повеќе не се само практични, туку се и statement. Најмодерните модели ве чекаат во галеријата, кои ќе го подигнат вашиот стил на повисоко ниво ова лето!