Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“ интерпретираше емотивен и зрел уметнички израз на јубилејното издание на „Макфест“

Добивај вести на Viber

На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе една од најемотивните изведби на вечерта со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ.

Симона уште еднаш потврди дека е артист што ја руши границата меѓу музиката и уметноста. „Не ми доаѓаш“ претставува природно продолжение на нејзиниот уметнички циклус во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“. Преку секоја песна, Поповска ја отвора следната врата на емоционалната трансформација 

„Секоја моја песна е дел од истиот процес,“-  вели Симона. 

„Не ми доаѓаш“ е кулминацијата на таа приказна моментот кога жената престанува да бара љубов и почнува да ја разбира.

На сцената таа блесна во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, која одлично се вклопи со сценскиот видео приказ, а публиката во Домот на културата во Штип ја награди со долготраен аплауз.

Со овој настап, Симона Поповска уште еднаш потврди дека е артистна на македонската сцена што не трча по трендови, туку гради сопствен свет каде музиката, симболиката и чувството стануваат едно.