Станови од 13 до 20 квадрати стануваат омилени: Дали е реално да се живее во толкав простор?

Добивај вести на Viber

Во странство, особено во густо населени градови како Њујорк или Париз, не е ништо необично да се изнајмува стан од 15 или 20 квадратни метри. 

Многумина се скептични кога ќе ја видат квадратурата, бидејќи 20 квадрати навистина се малку, но овој профил на Инстаграм ќе ви докаже дека и минијатурни станови можат да имаат сѐ што е потребно за живот, а притоа да изгледаат прекрасно.

View this post on Instagram

A post shared by Small Apartment Ideas (@tiny.flat)


Сѐ поголема популарност на помалите станови

Инстаграм профилот со назив @tiny.flat објавува фотографии од станови со квадратура до 50 м², а ентериерот им е уреден модерно. Фотографиите на овој профил се од разни делови на светот — од Милано, Санкт Петербург, Москва, Париз, Хонг Конг до главниот град на Тајван.


Одлучивме да ви покажеме како изгледаат становите со површина до 20 квадрати во странство. 

Во ваквите станови, кои се изнајмуваат или продаваат, распоредот на просториите е многу едноставен — мало купатило што содржи када или туш, мијалник и ВЦ школка, мала кујна поврзана со дневна соба, а често има и галерија каде што е сместен голем брачен кревет. Цените не се наведени.

View this post on Instagram

A post shared by Small Apartment Ideas (@tiny.flat)


Помалите станови стануваат сѐ попопуларни. Тиктокерот Калеб Симпсон минатата година објави видео од стан од само 8 квадратни метри, но наместо згрозеност, доби позитивни коментари, а видеото собра речиси 50 милиони прегледи.