„Stars Symphony“: Ќе го собере „кремот“ на македонската естрада на концерт во Скопје

Музичкиот настан
Stars Symphony кој ќе се одржи на 20 мај во арената „Борис Трајковски“, ќе ги спои на едно место двата добитници
на Златна Бубамара на популарноста за 2024 година – Ана Петановска и Битолски
Камерен Оркестар.
Ана Петановска, новото лице на македонската музичка сцена и една од најперспективните пејачки, оваа година ја доби Златната Бубамара за своето дело и настапи кои со право го освоија срцето на публиката. Нејзината соработка со Битолски Камерен Оркестар започна пред повеќе од две години, а токму нејзиниот прв настап со оркестарот беше на првиот дел од проектот MTV The Greatest Hits, кој прерасна во музичко доживување и оваа година во арена Борис Трајковски ќе биде третиот дел од овој проект.
На 20 мај, Ана повторно ќе застане на сцена со Битолски Камерен Оркестар, во првиот дел на „Stars Symphony“, каде што ќе се изведуваат безвременските хитови од 80-тите и 90-тите години во аранжмани специјално подготвени за оркестар. Енергична, емоционална и музички автентична, Ана ќе ја води публиката низ носталгичен музички пат.
Заедно со неа, на сцената ќе настапат и: Андријана Јаневска, Јана Бурческа, Горан Наумовски, Наде Талевска, Полина Тасева, Викторија Лоба, Јасна Димитровска, Огнен Димовски, Кристина Жечкова, Лара Иванова, Мила Николовска, Теодора Матеска, и поп рок хор Битвокс. Сите тие, во придружба на Битолски Камерен Оркестар, ќе ги изведат најголемите поп и рок хитови од златната MTV ера.
Од друга страна, Битолски Камерен Оркестар, добитник на Златна Бубамара за најпопуларен оркестар во Македонија, веќе неколку години наназад со своите проекти достапни за сите граѓани, активно ја менува и осовременува музичката сцена во Македонија. Нивната мисија – да ја направат музиката блиска до сите – добива нова димензија преку соработки со современи артисти, поп-рок легенди и електронски имиња како Шилер.
Stars Symphony не е само уште еден концерт, туку тоа е музички мост помеѓу генерации, жанрови и емоции.
Билетите се веќе во продажба преку мрежатаYourNextEvent.mk и во Тобако Капаел. Поради големиот интерес на публиката од минатата вечер пуштена се уште неколку редови во продажба.
За повеќе информации за настанот, посетете ги профилите на социјалните мрежи на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect на следните линкови: Facebookи Instagram.