Телеком им помага на младите од Генерацијата Z да преземат поголема контрола врз своите дигитални животи

Припадниците на Генерацијата Z имаат свои онлајн двојници – а повеќето од нив не знаат дека нивните податоци можат тајно да се клонираат и продаваат, без нивна согласност.
Со својата нова меѓународна кампања #OwnYourWorld, Дојче Телеком ги открива скриените дигитални закани –покажувајќи како личните податоци можат да се дуплираат, злоупотребуваат и експлоатираат. Кампањата, која е активна на девет пазари во Европа, каде е присутен Дојче Телеком, вклучувајќи ја и Македонија, ја поттикнува свеста, започнува дискусии и ги охрабрува младите луѓе да преземат поголема контрола врз своите дигитални животи.
„Можноста да го поседувате својот идентитет онлајн треба да биде основно право. Знаеме дека знаењето е моќ. Затоа сакаме да ѝ обезбедиме на Генерацијата Z знаење и самодоверба што им се потребни за да го „вклучат режимот за приватност“ во својот дигитален живот.“ - велиУрлих Кленке, Главниот директор за бренд на Дојче Телеком.
Новото истражување* нарачано од Дојче Телеком открива дека над 90% од европската Генерација Z изразуваат загриженост за својата дигитална приватност. И покрај тоа што пораснале онлајн, многумина од нив не се подготвени да се справат со проблемот, бидејќи само помалку од 7% се чувствуваат сигурни во управувањето со приватноста на своите податоци. Истражувањето, исто така, покажува дека над 70% од Генерацијата Z би сакале да имаат повеќе информации за самозаштита.
Разоткривање на реалноста
Дојче Телеком ја разоткрива реалноста на дигиталниот двојник преку музичко видео и песна, создадени во соработка со уметницата VTSS (Мартина Маја), полска техно продуцентка и диџејка позната по мешањето музички жанрови.
„Многумина од нас чувствуваат вознемиреност за тоа колкав дел од нас живее онлајн и колку малку контрола имаме врз тоа.“, коментира VTSS. „Овој проект креативно го доловува ова – ставајќи го ова искуство пред огледало, со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат видени.“
Видеото го визуелизира проблемот преку смело раскажување приказни, користејќи содржина во стилот на „brain rot“ за да покаже какво е чувството кога вашиот дигитален идентитет почнува да ви се лизга од рацете.
Дигитална платформа ownyourworld.online
Дојче Телеком ја лансираше дигиталната платформа, ownyourworld.online, којашто содржи серија од кратки мастер-класови создадени за да им помогнат на младите луѓе да ја преземат контролата врз својот дигитален живот.
Предводена од VTSS и изградена околу темите на индивидуалност и онлајн идентитет, серијата ги претвора сложените теми - од следење податоци до алгоритамско влијание - во содржина којашто може да се користи брзо и лесно.
Содржината е бесплатна, со неделни теми и забавни, едукативни содржини дизајнирани за социјалните платформи, вклучувајќи ги TikTok, Instagram, YouTube, Reddit, Twitch и Snapchat. Содржината е достапна и преку платформата Electronic Beats.
#OwnYourWorld е дел од долгорочната заложба на Дојче Телеком да ги поддржи и охрабри младите од Генерацијата Z да се движат низ нивниот онлајн живот со поголема самодоверба и контрола.
За оние коишто сакаат да преземат понатамошни чекори во заштитата на својот дигитален идентитет, страницата „Digitally Secure“ („Дигитално безбедни“) на Deutsche Telekom нуди практични совети, алатки и стручни укажувања за приватноста на податоците и безбедноста на интернет. Дознајте повеќе на: telekom.com/en/company/data-privacy-and-security/digitally-secure.
ПР објава