Трчај и ослободи го умот!

Трчањето е повеќе од спорт. Тоа е начин да се остави зад себе секојдневниот стрес, да се заборават грижите и се ослободиме од товарот кој го носимe.
Со секој истрчан километар, ја откриваме сопствената издржливост и ја градиме внатрешната сила. Трчањето не е натпревар со другите, туку лично патување кон рамнотежа и мир.
Виз Ер Скопски маратон 2025 е токму прилика да се доживее чувството на слобода, инспирација и заедништво.
Регистрацијата за маратонската трка (42 км), полумаратонот (21 км), штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри, останува отворена до 19 септември, а сите што ќе се пријават најдоцна до 10 септември ќе го имаат своето име испечатено на стартниот број - мал, но значаен потсетник за нивното учество во маратонот.
Секој пријавен учесник добива богат стартен пакет кој носи повеќе од симболичен подарок: ваучер од 20 евра од Wizz Air (за учесниците на трката од 5 км ваучерот се доделува само со присуство на стартот), торбица, бесплатни фотографии од трката, медал за оние што ќе ја завршат маратонската, полумаратонската или штафетната трка, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување за време на маратонот и специјални изненадувања од партнерите.
Пријавувањето е можно единствено преку официјалната веб-страница на маратонот, каде што сите заинтересирани можат да ја изберат својата трака, да ги погледнат деталите за стартниот пакет и да го осигураат своето место на стартната линија.
Не чекајте последен момент – пријавете се навреме и бидете дел од заедницата што трча со срце. Виз Ер Скопски маратон 2025 е можност да се постави нов почеток.