Три модели на сандали и папучи за сите кои сакаат да бидат шик оваа лето

Летната сезона традиционално ни носи модна игра во која обувките ја преземаат главната улога, а сандалите и папучите стануваат незаменлив дел од секојдневниот стајлинг.
Оваа година акцентот е на удобноста, едноставноста и деталите кои го привлекуваат вниманието на прв поглед.
Без разлика дали чекориме по градскиот асфалт, шетаме по плажа или уживаме во вечерен излез, го избираме моделот кој комбинира стил и практичност.
Во фокусот се модели кои лесно се комбинираат со сè – од ленени панталони и воздушести фустани до спортски комбинации. Доминираат природни материјали, меки ѓонови и неочекувани украси, кои на едноставните комбинации им даваат посебен печат.
Затоа, да ѕирнеме во водечките трендови и да видиме кои модели ова лето ќе ги освојат улиците и социјалните мрежи.
1. Рамни кожни сандали со каиши
Минималистички, но секогаш впечатлив модел кој секоја сезона добива нова интерпретација.
Ова лето ги носиме во неутрални тонови – беж, маслинесто зелена, коњак кафена и црна, како и во металик златна или сребрена за вечерни излегувања. Идеални се во комбинација со ленен костим или волуменозна кошула, но и со фармерки-шорц и бела маичка.
2. Папучи со анатомски ѓон
Совршени за девојки од градот кои не прават компромис помеѓу удобност и тренд.
Папучите со дебел, анатомски ѓон, често украсени со големи тока или логотипи, гордо се појавуваат и во урбални изданија. Доаѓаат во пастелни нијанси, но и во класични црни и бели, а одлично се комбинираат и со спортски изглед и со романтични летни фустани.
3. Платформи со детали од еспадрили
Летна класика во ново руво – платформи кои го спојуваат ретро шармот на еспадрилите со современите форми на сандали.
Плетени јажиња, текстилни каиши и високи платформи ги прават атрактивен избор за вечерни излегувања, летни забави, но и за дневни комбинации со миди здолништа и crop top маички. Овие сандали ја издолжуваат фигурата и секој изглед го збогатуваат со доза на медитеранска елеганција.
Извор: Freepik