Работи во рудник, заработува висока сума пари, мажите ја обожаваат: Оваа девојка не се плаши од тешка работа (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Почнала да работи како комплетен почетник без искуство во оддалечен рудник

Сега за половина година заработува 110.000 долари, што е прилично сериозна сума. 

Ешли од Перт, Австралија, работи со методот fly-in fly-out. Тоа е метод на вработување луѓе во оддалечените области така што привремено ги вози на местото на работа, за да не бидат принудени да се преселат.

Ешли, сега е професионален возач на камион во рудниците, ја откри својата неверојатна плата која и дозволува да работи само шест месеци годишно.



„По околу три месеци, мојата саатница се зголеми на 43,50 долари на час“, рече таа.

- Првата година како почетник кој сѐ уште го учи занаетот добивала околу 94.000 долари годишно. Денес, заработува 51,50 долари на час, така што тоа е прилично добро.

Ешли рекла дека обично работи 14 дена, а потоа добива 14-дневна пауза, пишува Дејли Стар. Поради експлицитни фотографии и интересни тетоважи, оваа русокоса која работи напорна работа е вистински магнет за мажите.


Фото: 

Printscreen/TikTok