Актуелно // Жолта минута
„Животот ни даде сè...“: Александра Пријовиќ со прво огласување по раѓањето на ќерката на која ѝ даде име со моќно значење

„Животот ни даде сè...“ – со овие емотивни зборови пејачката Александра Пријовиќ ја сподели најубавата вест: на 3 септември 2025 година се роди нејзината ќерка, Ариа.
Фотографијата на која се гледа нежната рака на новороденчето го стопи срцето на нејзините следбеници, а социјалните мрежи се преплавени со честитки и пораки со љубов и радост за новиот член на семејството.
Името Ариа носи посебна симболика – тоа е женско име со хебрејско потекло, а неговото значење е „лавица“, симбол на храброст, сила и заштита.
Со доаѓањето на Ариа, среќата во домот на Пријовиќ и нејзиниот сопруг е уште поголема, а јавноста веќе со нетрпение очекува нови фотографии и моменти од семејната идилa во која сме сигурни дека најсреќен ќе биде братчето Александар.
И.С.