На приемот од минатата ноќ пак, бремената војвотка докажа дека е модна кралица, со плавиот кадифен фустан со цветен принт исто така креација на дизајнерот Ердем.
Кадифениот фустан кој совршено го истакнуваше нејзиното стомаче војвотката одлично го спои со сребрени обетки и Gianvito Rossi D'Orsay Suede црни сандали.
За потсетување, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го очекуваат нивното трето дете.