Стил Профил,
Трендови
(ФОТО) Откриена тајната на Ана Винтур: Зошто кралицата на модата секогаш носи црни наочари?
Винтур во ниту еден момент не го симна својот заштитен знак па дури ни додека згодно муабетеше со временската членка на кралското семејство.
Ана Винтур и наочарите за сонце се неразделен поим, а во едно неодамнешно интервју таа објасни зошто никогаш не ги симнува.
„Наочарите за сонце се многу корисни. Можам да бидам на ревијата и покрај тоа што ми е досадно, тоа никој нема да го забележи. Тие со време станаа како мој штит“, изјавила познатата уредничка.
Најмоќната жена во светот на модата го изгради препознатливиот стил во кој преовладуваат фустаните со цветни принтови често истакнува како е важно да се биде свој и да не се лудува за трендовите.
-Нека вашиот стил биде оригинален. Создавајте свој моден стил и никогаш немојте слепо да ги следите трендовите. Важно е добро да се чувствувате во тоа што го носите-рекла при една прилика Винтур.