Интервјуа // Интервјуа
                    
                ИНТЕРВЈУ ЖИВКИЦА: Посакувам да дојде време во кое ќе заборавиме на политиката!
 
                     Женски Магазин Битките во медиумите малку ја „фатија“ и вашата кариера, пред скоро деценија. Дали во тие моменти сакавте да се откажете од градењето на телевизиска кариера?
Живкица Работа, учење, посветеност, истражување, почит, ова се дел од лекциите на кои се темелат основите на моето првично телевизиско искуство. Лекции кои би било убаво да се учат и денес, односно да се наметнуваат кај новите генерации. Ние навистина работевме многу посветено, учевме дали и колку вистински ја сакаме работата во медиум или е само обичен хир. Морам да бидам искрена и да забележам дека и од тоа време не има навистина многу, кои сме дел од оваа работа и ден денес. Сериозна е моќта на медиумите и навистина ми е жал што многу работи се искривија низ годините, кога се во прашање медиумите: Ова посебно кога имаме сведоци за едно навистина поинакво време за значењето на медиумите и работата во нив. Да, точно е дека времето на превирања ме зафати и мене. Тогаш решив и да заминам од македонската телевизија, која навистина ја сметам за свој дом, место каде пораснав се изградив како водител и новинар и каде ја добив животната шанса. Но, кога имате средина која ве оптоварува, подобро да си заминете отколку да изгинете:) тоа е барем мое мото
Женски Магазин Жиле сите ја паметат како „брзозборка“. Успеавте ли малку да го намалите тоа темпо?
Живкица Брзото зборување е дел од мојот карактер. Сите ние имаме свои обележја:). На почетокот кога учевме и вежбавме говор итн. Лилјана Крстева се обидуваше да ме коригира кога е во прашање брзината. По неколку гафа, бидејќи се обидував вештачки да ја коригирам брзината, а мислата си течеше, сфативме дека навистина е подобро да си остане моето темпо, такво какво што е. Потоа Лилјана ми велеше добро е што јасно и читливо зборуваш, нека остане така:)

 Женски Магазин Политичарите ка
Женски Магазин Политичарите ка Женски Магазин Од кој медиумски лик најмногу сакавте да научите за својата професија во медиумите?
Живкица Многу сум благодарна и срекна што ја имав таа шанса и среќа да учам од легенди кои немаа комплекси ниту фрустрации, туку несебично сакаа да подучуваат нови генерации за кои веруваа дека ќе остават печат на некое време. Повторно ќе речам се градев како водител и новинар, кога кај нас имаше имиња кои оставија силен печат во медиумите. Од сите тие учев многу, Александар Сидоровски беше мој ментор, мој втор татко кој навистина ме научи. Тоа е човек кому идеи за сценариото му текнуваа во секунда:)
И да, Опра Винфри е мојот рол модел
Женски Магазин Астролозите род
Женски Магазин Од кој медиумски лик најмногу сакавте да научите за својата професија во медиумите?
Живкица Многу сум благодарна и срекна што ја имав таа шанса и среќа да учам од легенди кои немаа комплекси ниту фрустрации, туку несебично сакаа да подучуваат нови генерации за кои веруваа дека ќе остават печат на некое време. Повторно ќе речам се градев како водител и новинар, кога кај нас имаше имиња кои оставија силен печат во медиумите. Од сите тие учев многу, Александар Сидоровски беше мој ментор, мој втор татко кој навистина ме научи. Тоа е човек кому идеи за сценариото му текнуваа во секунда:)
И да, Опра Винфри е мојот рол модел
Женски Магазин Астролозите род Женски Магазин Со сопругот патувате често. Некогаш со семејството, но некогаш и сами. Кое место ве освоило на тие патувања?
Живкица Навистина многу сакам да патувам, но и целото наше семејство. Мислам дека сите треба да патуваме, што почесто. Така се запознаваме со сè она што е околу нас. Еден излет, па нека биде и до најблиското место, може да направи многу за нашиот ум и расположение. Искрено, многу убавини крие нашата мила Македонија. Уживам во Маврово и неговата убавина, ја сакам многу Италија, има места кои навистина сакам да ги видам или одново да им се вратам, ама вистинско изненадување и сосема поинакво искуство беше посетата на Шкотска. Се восхитив од живописната природа и еден сосема поинаков начин на живот.
Женски Магазин Вашето семејство е поприлично богато. Како се снаоѓате во улога на мајка?
Живкица Да, навистина имаме убава бројка од деца дома:) Во улогата на мајка, верувам се снаоѓам како и секоја друга, станувате жена лавица, правите сè што сте мислеле дека нема да можете, наоѓате сила да бидете и лекарка и учителка, и тешителка и другарка и …;) Навистина е многу благородно, а воедно и едно сосема поинакво животно искуство да се биде мајка, родител. Се обидувам да бидам тука за нив, покрај нив, но да бидам тука и за себе и за сопругот. Се обидувам да им помогнам да пораснат во одговорни, исполнителни, благодарни и еманципирани луѓе, но сепак, останатото останува на нив. Нека бидат живи и здрави, да уживаат вистински во животот, да му се радуваат на секој нов ден и предизвиците што доаѓаат. Да го откријат својот сон и да целат кон исполнување на истиот, е тоа е она сто им го посакувам од срце.
Женски Магазин Во кој од вашите наследници се препознавате себеси најмногу, во ќерката или синовите?
Живикца И кај Даријан и Марко и Ана препознавам по нешто свое, по нешто од тато. Но, посебно се радувам на нивните особености, она сто ги прави посебни, и тоа секој на свој начин.
Женски Магазин Со сопругот патувате често. Некогаш со семејството, но некогаш и сами. Кое место ве освоило на тие патувања?

 Женски Магазин Како се роди приказната за Хелен Дорон? Дали тоа беше на ваша иницијатива или беше идеја на вашата сестра?
Живкица Со мојата сестра имаме франшиза за изучување на ран англиски јазик во Центар, или франшиза за Хелен Дорон методот, дел кој морам да признаам поради моите обврски повеќе го покрива таа. Децата се многу благородни и навистина е убаво да се биде дел од нешто што придонесува за нивен развој и едукација. Нешто што ме исполнува на еден сосема поинаков начин. Ништо поубаво од насмеани искрени детски души околу вас.
Женски Магазин Како најчесто ги трошите минутите кои ги имате како само ваши? Колку во вашиот дневен распоред има слободно време?
Живкица Многу значи да направите нешто за себе во текот на денот, па нека биде тоа и едно кафе, сами во мир и тишина. Велат кога ќе ви биде пријатно, кога сте сами со себе и кога нема да се чувствувате осамено во тие моменти, значи дека сте на добар пат:) Верувам дека сум на добар пат. Сакам шопинг генерално, но големите гужви и турканици во последно време некако ми пречат.
Велат почитувајте го вашето тело и ум, ќе ви биде благодарно во подоцнежните години. Тоа сакам да правам искрено. Малку физичка активност, убави позитивни мисли, ако можеш помогни, не одмагај. Тоа се дел од нештата кои ги правам во моето слободно време и кои ме одржуваат да останам здрава и позитивна:)
За Женски Магазин, Вики Чадиковска
Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин