Ако тие се нерасположени, ќе бидете и вие: Знаци со најинтензивна и најмноќна енергија

Во астрологијата често се зборува за знаците кои внесуваат ведрина, оптимизам и топлина во секое друштво.
Сепак, постојат и такви кои неретко носат малку „потемна“ енергија – нивното присуство може да биде напорно или исцрпувачко за околината.
Не станува збор за лоши луѓе, туку за личности кои, поради начинот на кој размислуваат и реагираат, често зрачат со негативност.
Во продолжение, ги претставуваме трите хороскопски знаци кои најчесто се поврзуваат со таква енергија:
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни, длабоки и емотивни. Но токму таа внатрешна бурa често се прелива и врз луѓето околу нив. Кога се повредени или незадоволни, нивната енергија станува тешка и „темна“.
Околните тоа го доживуваат како песимизам или опсесивно однесување. Наместо да бараат рамнотежа, Шкорпиите честопати уште подлабоко навлегуваат во сопствените мисли – повлекувајќи ја и околината во драматични сценарија.
Јарец
Јарците се реалисти и одлични организатори, но нивната потреба за контрола и тенденцијата да укажуваат на туѓите грешки може да создаде впечаток на постојана негативност.
Наместо поддршка, тие често нудат критика – па дури и кога тоа не е неопходно. Нивниот сериозен и резервиран пристап кон животот може да делува „ладно“, а луѓето околу нив понекогаш имаат чувство дека ништо не им е доволно добро.
Девица
Девиците се стремат кон совршенство – и тоа не само кај себе, туку и кај другите. Прекумерната аналитичност и критичност лесно создаваат напната атмосфера.
Често ги истакнуваат малите грешки или пропусти кои другите и не ги забележуваат, што кај околината може да остави впечаток дека постојано „мрморат“ и се незадоволни. Токму поради тоа, многумина ги доживуваат како премногу сериозни и оптоварени.
Извор: b92