Рецепт за лимонада како од старите скопски слаткари: Потребни ви се само 100 денари и 10 минути за вистинско семејно освежување

Штом ќе се појави сонцето, а со него и летните горештини, секој од нас помислува веднаш на освежителен пијалок.
За многумина првата асоцијација за летото е токму лимондата со мраз, а Скопје го памети периодот кога лимонадата се точеше за прилично ефтини цени низ скопските слаткари.
Денеска времињата се изменети, па и лимонадата стана комерцијална, прилагодена, со повеќе карактеристики.
Лимонада само на база на лимон, лимонада во која се додава и портокал, без шеќер или со шеќер, лимонада на база на вода или лимонада со помалку вода. Вкусот е прилагоден на личните преференци и сето тоа, влијае значително на цената.
Но доколку сакате да го „оживеете“ вкусот на лимонадата каква што некогаш се пиеше низ скопските слаткарници, особено оние во „Стара чаршија“, ви го открива рецептот. Потребни ви се само 100 денари и 10 минути да го подготвите:
Потребни состојки:
За подготовка на лимонада со традиционален вкус како од скопските слаткарници, потребни ви се само четири состојки.
*4 лимони
*500 грама шеќер
*2 портокали
*5 л. вода
Начин на подготовка
Во блендер ставате три целосно ислупени лимони и еден целосно излупен портокал, во истиот сад ги додавате едниот лимон и портокалот со кора, претходно детално измиени.
Претходно подготвувате чист голем сад, во кој треба да се собере целата течност. На цедалка ја истурате содржината од блендерот. Ќе забележите дека има малку течен дел и повеќе цврсти делови од исецканиот лимон и портокал.
На цедалката истурате постепено чаша по чаша од водата, сѐ додека не забележите дека остатоците од лимонот и портокалот се суви и ги губат своите својства.
Кога ќе ја додадете целата вода, истурете го шеќерот во течноста.
Лимонадата задолжително се пие со мраз или претходно оладена.
М.С.К