Здравје // Рецепти
Енергетски бомбици: Без шеќер и брашно – само природни состојки и неодолив вкус!

Бараш брз, вкусен и здрав десерт без печење? Овие чоколадни енергетски бомбици се вистинскиот избор!
Полни со хранливи состојки и богати со вкус, совршени се како ужина, десерт или засилување на енергијата во текот на денот.
Потребни состојки:
* 100 г. печени бадеми
* 200 г. печени кикирики
* 20–30 урми без семка (во зависност од колку сакаш да бидат слатки)
* 50 г. гранола
* 250 г. чоколадо за готвење
Подготовка:
Во блендер или нутрибулет стави ги бадемите, кикириките, урмите и гранолата. Блендирај додека не добиеш леплива, компактна смеса.
Од смесата формирај бомбици и полијте ги со растопено чоколадо
Олади ги во фрижидер за минимум 30 минути – и уживај!