Бидете стилска дива на плажа: Најженствените модни избори за совршено лето

Добивај вести на Viber

Летото е време кога стилот и удобноста одат рака под рака – а овие четири модни комбинации се вистинскиот избор за сите што сакаат да изгледаат шик додека уживаат покрај море. Од смели бои до романтични принтови и природни текстури, еве што ќе ја обележи плажната мода оваа сезона:

* Color Block еуфорија


За сите љубителки на силни бои и впечатливи дезени, оваа комбинација со бикини во топли бранови од црвено и портокалово е полн погодок. Совршено дополнета со плетена капа, сламени влечки и голема торба за плажа – комбинација што вреска: „Забележи ме!“

*Floral Print Lovers


Ако ви треба нешто женствено и свежо, цветниот принт е секогаш добар избор. Ова бикини со нежен тропски дезен, соодветно комбинирано со светла капа, пастелни влечки и практична сламена чанта – совршено за релаксиран ден на плажа.

* Relax Mood On



Модерен минимализам со бело бикини или зелени бранови за оние што сакаат чисти линии и природна елеганција. Лелеавата наметка и светлите панталони дополнуваат изглед што вели: „Одмори се, уживај!“

* Into The Blue


Сина како морето! Едноделниот костим за капење и лесното фустанче во риги се совршен избор за утринска прошетка по песокот или пијалок на плажа. Со сламена чанта и сребрени сандали, ќе изгледате беспрекорно и без многу труд.

Овие летни комбинации може да ги најдете онлајн или во продажните салони на Fashion Group Macedonia.