Дали ова е истата личност?! Кога ќе се стокми и нашминка не личи на себе, а луѓето остануваат шокирани (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Неверојатно!

Моќта на шминката е огромна, а често се случува вештите раце на шминкерите да успеат да ги истакнат нашите најубави црти на лицето и да ги прикријат неправилностите. Но, што се случува кога има целосна промена во личниот опис?

Шминката може да се користи за многу работи - да ја истакнете вашата природна убавина, целосно да го промените изгледот или да ја зголемите самодовербата. Сепак, некои луѓе тврдат дека употребата на козметика е измама и дека шминката носи сосема погрешна порака доколку нечија трансформација е премногу драстична.

Имено, американската инфлуенсерка Лони редовно ги објавува своите мејкап трансформации на социјалната мрежа ТикТок, а тоа вклучува и фотографии пред и после кои ги прикажува со своите туторијали. Во едно од објавените видеа ја гледаме подготвена да излезе со испеглана коса, многу шминка на очите и надуени усни, а над фотографијата стои натпис кој луѓето често го оставаат во коментари на нејзиниот профил - „Ти си многу убава!".

Во следниот кадар Лони се прикажува во сосема поинакво издание, со собрана коса во опуштено опавче и без тронка шминка. Покрај тоа, таа дури и намерно ја спушти брадата, за да ја истакне разликата и контрастот помеѓу овие две појави.

Духовитата девојка дури се пошегува за промената што ја покажа во  видеото, па реши да има песна во позадина на спотот чиј стих гласи „Девојко, тоа не сум јас“.

@lawni.e My top lip is the biggest catfish.  #OscarsAtHome #AEMembersAlways #WomenOwnedBusiness  #DeserveADrPepperDuet #catfish #foryou #girlthatsnotme #makeup 444 - jah

- Мојата горна усна е најголемата измама! - додаде таа во коментар.

Корисниците на таа социјална мрежа се шокираа од драматичната промена, па ова видео сега има дури 7,9 милиони прегледи. Колку луѓето биле фасцинирани од импресивната трансформација доволно говори и податокот дека собрал 1,2 милиони лајкови и повеќе од 5.000 коментари, пишува порталот Сан.


Фото и Видео: ТикТок