ЦЕНИ ВО ХРВАТСКА: Појадокот за тројца со две кафиња ќе ве чини „изгор“

Туристите кои доаѓаат на Хвар сè повеќе истакнуваат дека цените се значително повисоки во текот на сезоната. Лежалките се изнајмуваат по цени од 25 до 40 евра, додека најскапите балдахини достигнуваат и до 200 евра.
Исто така, повратниот билет за такси бродот помеѓу плажите чини околу 10 евра, што претставува дополнителен товар за буџетот на туристите.
Коктел на плажа чини околу 12 евра во просек, додека цените во баровите надвор од плажата се движат од 10 до 20 евра.
Сендвичите се околу 15 евра, помфритот 10, а комплетен оброк со месо може да достигне и до 20 евра.
Во рестораните, цените варираат од 20 до дури 60 евра, додека кафето чини од 4 до 7 евра, па појадокот за тројца со две кафиња во ресторан може да надмине 100 евра. Килограм праски чини околу 6,5 евра.
ФОТО: pexels.com/Jo Kassis