Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија!

Добивај вести на Viber

- Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, и со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на Никола Карев. Секој од нив, и во осмата и деветтата деценија од животот, живее со приказните, со гордост на своите предци.

Елена Гули, 85-годишната внука од најмалиот син на Питу Гули, Стерју, единствен, како што вели, директен потомок од „крвта“ на големиот војвода, својата приказна посака да ни ја раскаже токму на Мечкин Камен. На местото на последниот здив од животот на нејзиниот славен дедо. Иако, реално, вистинската битка била барем 500 метри подоле од денешниот споменик.

Приказната за својот дедо Питу Гули, Елена ја почнува со фактот дека за нејзиниот дедо речиси немало кој да ѝ раскажува. Без татко останала на четири години, а за деда си најмногу слушала од фамилијата на нејзината баба, сопругата на Питу Гули.

Елена е во едно сигурна: нејзиниот славен дедо бил темпераментен јунак, посветен на идеалите за слободна Македонија, а сите жртви биле токму поради тоа.

- Првите сеќавања за дедо ми, Питу Гули, се од тоа што ми кажувале, малку мајка ми, а најмногу од фамилијата на баба ми, или поконкретно од фамилијата на жената на дедо ми, Питу Гули. Фамилијата на баба ми е Теље. Таму бил женет дедо ми, Питу Гули. Ми кажуваа дека од дедо ми немало поголем јунак во Македонија. Фамилијата била разочарана дека ги оставил и загинал, вели Елена Гули.

Питу Гули имал бурен живот. Седум години бил во турски затвор во Анадолија. Последиците од прангите на нозете ги имал цел живот. Повредените нозе никој не можел да ги забележи кога бил качен на коњ.

Бил неуморен и секогаш бил во движење. Ги анимирал луѓето од цела Македонија, барал, ги убедувал, агитирал да не трпат и да се кренат против турските зулуми.

Целиот текст читајте го на ФАКТОР ТУКА.