Кога рурално е модерно: Жената што владее без крунa, но со душа

Добивај вести на Viber

Додека градските улици се гушат во гужви и смог, некаде низ ридовите и долините на Македонија се буди новата дама на модата, убавината и слободниот дух – руралната жена. Таа што носи чизми наместо штикли, но не се одрекува од кармин. Таа што бере домати на изгрејсонце, но навечер чита книги со чаша домашно вино. Да, руралното е новото урбано, а модерната жена сè почесто го бара токму таму – мирот, здравјето и инспирацијата.


Жена која не се плаши од земја под ноктите

Сѐ повеќе млади жени се враќаат кон корените – во буквална смисла. Култивираат органска храна, прават свои креми, садат цвеќиња и го заменуваат рутинскиот живот со енергија што се чувствува само кога ќе застанеш со боси нозе на влажна трева. Тие се креаторки на сопствениот свет, далеку од Инстаграм филтри и вештачки светла.


Од козметика до култура – сè што ни треба се враќа во природата

Жените во руралните средини создаваат сапуни, масла, билни чаеви, прават сирење, рачни изработки… и не, тоа не е ретроградно, туку автентично. Хипстерскиот стил на живот од запад веќе одамна се всели во малите села – но со македонски акцент и душа.


Модата на село? Абсолутно да!

Плетени корпи, ленени фустани, шалови од баба, марами со шарм. Руралната естетика денес е дел од модните писти. А најубавата модна изјава? Да изгледаш природно, здраво и среќно. Токму онака како што изгледа жената која го најде својот мир меѓу шепотот на дрвјата и песната на птиците.



Рурално е модерно, затоа што природата секогаш знае што ѝ треба на жената – слобода, тишина, автентичност.


РЖМ/ИС