„Детски повреди“ со Слобода Миќаловиќ и Вук Костиќ на 23 ноември во Скопје

Добивај вести на Viber

На 23 ноември, во Македонската опера и балет, скопската публика ќе има ретка можност да ја доживее една од најемотивните и највозбудливи современи драми „Детски повреди“. Делото, кое критичарите го опишуваат како црна и романтична комедија споена со мелодрама, ја открива вечната потрага по блискост и љубов меѓу две души кои, иако животот ги носи по различни патеки, никогаш целосно не се губат една од друга.

Во главната улога публиката ќе ја види Слобода Миќаловиќ, една од најценетите и најпознати актерки на балканската сцена. Нејзините улоги во филмовите и сериите како „Zona Zamfirova“, „Ranjeni orao“, „Miris kiše na Balkanu“ и многу други ѝ донесоа статус на вистинска ѕвезда, а нејзината способност да ја пренесе најсуптилната емоција ја прави омилена кај публиката. Миќаловиќ е симбол на силна женска енергија, но и на суптилност и емотивна длабочина, токму тоа што е потребно за оваа предизвикувачка улога.



Не помалку значаен е и нејзиниот партнер на сцената, Вук Костиќ, актер со импресивна филмска и театарска биографија. Регионалната публика најмногу го препознава по улогите во култната серија „Ubice mog oca“, како и „Južni vetar“ и бројни други проекти во кои секогаш ја носи карактеристичната интензивност и автентичност. Костиќ е актер кој со својата појава и игра ја полни сцената, а во „Детски повреди“ ќе ја открие и својата ранлива и кревка страна.

„Детски повреди“ зборува за болката, за љубовта, за осаменоста и за неуништливата нишка што ги поврзува луѓето, дури и кога изгледа дека животот им е разделен.

Она што ја прави оваа драма посебна е нејзината нехронолошка структура: скокајќи од минатото во иднината и назад во сегашноста, публиката ќе биде вовлечена во динамичен вртлог на време и емоции, кој постојано ја одржува напнатоста.

Зад режисерската палка стои Иван Вуковиќ, еден од најинтересните современи режисери во регионот, кој со своето чувство за ритам, визуелна естетика и длабочина на карактерите, му дава нов живот на ова дело.

Со јасна порака дека најдлабоките рани се оние што ги носиме од детството, а најголемата лековита сила е човечката блискост, ова претставување во Скопје е културен настан кој не смее да се пропушти.

Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5691