Нашиот Никола Ристановски држи час по актерство каде и да се појави: Екипата која ја предводеше доби награда во Младеновац

Добивај вести на Viber

Претставата „Уна“ на Стефан Копривица, работена според истоимениот роман на Мома Капор, а во продукција на „Звездара театар“, е прогласена за најдобра претстава на годинашниот фестивал „Театар во едно дејство“ во Младеновац. 

И стручното жири и публиката едногласно ја оценија како највредното театарско остварување на фестивалот.

Жирито, во состав Снежана Стаменковиќ, Љуба Бандовиќ и Егон Савин, донесе одлука со мнозинство гласови дека претставата „Уна“, во режија на Дејан Пројковски, се издвојува по својата емоционалност, современ пристап и силна актерска енергија.

„Надминати и прецизни актери, предводени од Никола Ристановски, во атрактивниот сценски простор на Валентин Светозарев, изведоа емотивна и актуелна претстава,“ стои во образложението на жирито.

Премиерата на „Уна“ се одржа на 12 октомври на сцената „Данило Бата Стојковиќ“, а во актерската екипа настапуваат Никола Ристановски, Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Сценографијата е дело на Валентин Светозарев, костимографијата на Ивана Ристиќ, а музиката – на нашиот Горан Трајкоски, кој уште еднаш ја потврди својата уметничка моќ и интернационално влијание.