Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

Добивај вести на Viber

Како што се приближуваат празниците, продажбата на новогодишни елки низ земјава е во полн ек, а цените оваа сезона се нешто повисоки во однос на лани.

Најпродавани се вештачките елки со висина од 150 до 180 сантиметри, чии цени се движат меѓу 2.000 и 6.000 денари. За повисоките модели, до 210 сантиметри, во зависност од квалтетот,  купувачите треба да издвојат од 5.000 до 10.000 денари, во зависност од густината и квалитетот на гранките.

Оние што сакаат вистински зимски мирис, сè уште можат да најдат природни елки во расадници и градинарници по цени од 700 до 1.800 денари, но интересот за нив е во опаѓање поради потешкото одржување и потребата за соодветно складирање по празниците.

Трговците велат дека продажбата е најинтензивна токму во последните денови од ноември и почетокот на декември, а годинава сè поголем интерес има за поголеми, пополни елки со лед светилки и природен изглед, кои создаваат ефект како од зимска бајка.

Извор: Фактор