Giving Friday како симбол на солидарност: Благодарение на вашата помош, dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Добивај вести на Viber

Седма година по ред, dm дрогерие маркт успешно ја спроведе својата иницијатива „Giving Friday“, претворајќи го денот на најголемите попусти во ден на дарежливост и солидарност.

На 29 ноември, со поддршка на своите верни купувачи, компанијата успеа да собере импресивни 559.342 денари. Овие средства, кои претставуваат 5% од вкупниот дневен прометод сите dm дрогерии, ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.

„Иницијативата 'Giving Friday' стана симбол на заедништво и добрина во нашата заедница. Горди сме што секоја година расте свеста за важноста на помагањето, а поддршката од купувачите тоа најдобро го докажува. Секоја посета на dm дрогериите на овој ден не беше само обично купување, туку придонес кон една поголема, хумана цел. Заедно, уште еднаш покажавме дека добрината е нашата најголема сила,“ изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Од 2019 година, dm ја спроведува оваа општествено одговорна иницијатива под слоганот „Giving is the new black“. Последниот петок во месец ноември, наместо попусти, dm донира 5% од дневниот промет остварен во сите dm дрогерии во земјата, со цел да ги вклучи своите купувачи во една голема филантропска акција која ја поттикнува солидарноста и хуманоста.

ПР објава