Актуелно // Жолта минута
Драгана Мирковиќ стана баба, па објави фотографија за која бруи Балканот

Голема радост во семејството на познатата пејачка Драгана Мирковиќ – таа стана баба на девојче по име Ксенија.
Радосниот настан беше прославен со голема свеченост во нејзиниот раскошен дворец во Виена.
„Каков ден за мене! Каква радост! Сега сум баба на Ксенија,“ напиша Драгана на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија во маица на која стоеше натписот „најгорда баба на светот“.
Породувањето било извршено со царски рез во реномираната клиника АКХ во Виена и, според семејни извори, сè поминало во најдобар ред. Мелани, ќерката на Драгана, се чувствува добро, а малата Ксенија добила највисоки оценки при раѓањето.
Драгана, пресреќна по повод доаѓањето на својата внука, се повлече од јавноста и целиот ден го посвети на семејството.
Пејачката повеќепати во минатото изјавувала дека со нетрпение го очекува овој момент, опишувајќи го како најубавата животна улога. „Бабината љубов е без мерка и интерес,“ велеше таа. Денес, нејзината голема желба конечно се исполни.