„ГИ ПРЕБРОЈАВТЕ ЛИ ИСТОРИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ?“: Комунална со денови не излегла да собере ѓубре, јавноста реагира, „За ова кривично се одговара!“

Добивај вести на Viber

Состојбата со ѓубрето во главниот град е катастрофална. Сите населби се со неиспразнети канти и контејнери, граѓаните ѓубрето почнаа да го фрлаат околи контејнерите, па градот буквално ни потона во ѓубре. 

Камионите од ЈП „Комунална хигиена“ со денови нема излезено да го собере ѓубрето. Граѓаните негодуваат на социјалните мрежи, но попусто, ѓубрето со денови си стои.

Фактор се обиде да стапи во контакт со надлежните на претпријатието, но одговор не добивме, ниту пак некој ни крена слушалка.

Според неофицијални информации кои се пишуваат во медиумите, наводно, камионите на комуналното претпријатие се расипани па затоа нема кој да го собере отпадот.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи врие од реакции.

„Скопје слави, а Центар посебно.

Добро утро Скопјенце, гнасо една! Ака цело Скопје буниште град!

Ај сеа во 2 круг одете кај партиите што 35 години цицаат, крадат, пкукаат и градат!

Каков синдром е ова навистина не знам“, напиша активистката Жанета Трајковска.


Реагираше и адвокатот Владимир Туфегџиќ на социјалните мрежи.

„Центар на Скопје 10:00, за загрозување на јавно здравје и ширење епидемија и зараза у нормални држави кривично се одговара! Ги пребројавте ли историските резултати од изборите?... Ова е доказ дека овој град никого од избраните не го интересира, освен за граѓевинска пљачка на политичкиве трговци,“ напиша Туфегџиќ.

Извор: ФАКТОР