Херој од Клиниката за детски болести: Малиот Амир ја издвои најважната животна победа

Добивај вести на Viber

Радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести – победничкото ѕвонче повторно силно заѕвоне. 

Овој пат, за храбриот мал Амир кој успешно ја заврши својата тешка и долга битка со болеста. Со насмевка и гордо крената глава, Амир го ѕвонеше ѕвончето кое симболизира победа, надеж и нов почеток.

Моментот беше исполнет со аплауз, солзи радосници и насмевки од медицинскиот тим, семејството и сите кои му беа поддршка во овој предизвикувачки пат.

Клиниката за детски болести ја негува оваа традиција со цел да ги охрабри малите борци и нивните семејства дека болеста може да се победи. Овие моменти се потсетник колку силата и љубовта можат да направат чуда.

На малиот јунак Амир му посакуваме многу здравје, среќно и безгрижно детство, стои во соопштението од Клиниката.