Има резерви што можат да прехранат цело семејство наредни 10 години: Губа се подготвува за колапс на глобалната економија

Додека повеќето луѓе се подготвуваат за празничната трпеза, 25-годишната Губа од Вашингтон има поинаков план — оваа година ќе го извади од замрзнувач замрзнатиот божиќен ручек што го подготвила минатата зима.
Губа со години се подготвува за, како што таа го нарекува, „неизбежниот глобален колапс“. Нејзината остава е полна со храна, лекови, семиња и основни намирници, доволна — според неа — да издржи петчлено семејство десет години.
Таа живее самooдржливо, произведува и преработува своја храна и тврди дека може „веќе утре да премине во режим на живот надвор од системот“.
На нејзиното празнично мени има печена мисирка, пире со сос, пита, боранија и пита со јаболка — сè исушено и херметички спакувано во кеси „како за астронаути“.
„Мојот најубав божиќен оброк е оној што сама сум го подготвила и сочувала. Тоа е вистинска сигурност,“ вели таа.
Губа смета дека светот веќе влегува во рана фаза на општествен колапс — со недостиг на храна, енергетски манипулации и економска нестабилност. „Колапсот нема да биде спектакуларен, туку бавно пропаѓање кое не престанува,“ предупредува таа.
На нејзиниот имот одгледува животни, суши и конзервира месо и зеленчук, прави сопствени сапуни и козметика, складира вода, има соларни панели и генератори. Поседува и оружје и резерви за итни случаи.
Иако нејзиниот начин на живот многумина го сметаат за екстремен, таа останува доследна.
Извор / Принтскрин Инстаграм