Моден фокус // Стил Профил
Лубикрафт - идеална летна колекција на чевли и чанти
Познатиот бренд Кристијан Лубутан лансираше нова колекција наречена „Лубикрафт“ изработени од крафт хартиени кеси и кутии за чевли во комбинација со нивниот препознатлив знак - црвениот ѓон.

Во колекцијата покрај чевлите со висока потпетица, вклучени се и балентаки, патики, како и различни модели на чанти. Токму различниот избор на модни додатоци придонесува тие да се совршен избор за кежуал, но и елегантен изглед.

Колекцијата беше лансирана минатата недела, а цените се движат од 645 долари па нагоре.







