Македонците често го забораваат ова кога патуваат во Солун во октомври!

Добивај вести на Viber

Ако планирате да патувате во Грција оваа есен – дали поради шопинг или викенд одмор – добро е однапред да знаете кои денови се неработни, за што полесно да го испланирате вашето патување.

26. Октомври се одбележува празникот Св. Димитриј, заштитник на градот. И тој ден е слава на градот Солун, а бидејќи оваа година паѓа во недела, наредниот ден ќе биде неработен ден. Сепак, посетителите можат да присуствуваат на празничната литија и на прославите кои се одржуваат во чест на Св. Димитриј, што е посебно искуство за сите кои во тоа време се најдат во градот.

28. Октомври е национален празник низ Грција, познат како Охи ден („Ден НЕ“), кога се одбележува одбивањето на италијанскиот ултиматум од 1940 година и почетокот на отпорот во Втората светска војна. Тогаш е неработен ден низ целата земја, а во Солун постои можност многу продавници да ги спојат празниците, а нема да работат ниту во понеделник на 27-ми. октомври. 

Важно е да знаете: Во Грција, недела е ден кога продавниците се затворени, додека рестораните, таверни и кафулињата се отворени во туристичките места и поголемите градови.

View this post on Instagram

A post shared by NikanaLetovanje u Grkoj (@nikana.gr)

Фото: Freepik.com/ Пинтерест/ Јутјуб
Извор: Nikana.gr/ Facebook