Моден фокус // Трендови
Моден хит за лето 2025: Наметките за плажа што ќе го обележат сезонскиот тренд

Летото 2025 ни доаѓа во стил, а наметките за плажа веќе се издвојуваат како must-have парче во секој плажен стајлинг.
Освен што се практични, овие модни додатоци станаа симбол на лежерен гламур, софистицираност и женственост. Од проѕирни, лесни ткаенини до модели со дрзоки принтови и реси – оваа сезона наметките не се само за покривање, туку и за изразување стил.
Трендови што ќе владеат под сонцето
Бохо шик со реси и етно дезени
Наметките со етно мотиви и реси, инспирирани од бохо естетиката, ќе бидат апсолутен хит. Овие модели совршено се комбинираат со едноставни бикини, додека додаваат доза на хипи романтика.
Freepik