Мусака во лето? Зошто да не! Рецепт за летна мусака која е готова за 30 минути

Ова јадење е сосема без масло и додадени маснотии, освен оние што природно доаѓаат од месото и јогуртот – што значи дека е и здраво и вкусно!
Ако сте љубител на лесни оброци, оваа мусака со тиквици и мелено месо е одличен избор.
Потребни состојки:
- 3 средни тиквици
- 300 грама мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 јајце
- 180 мл јогурт
Зачини по вкус: сол, бибер, блага црвена пипер, сушен лук во прав и малку копар
Подготовка:
Најпрво, тиквиците се лупат и се сечат на тенки ленти или кругови со дебелина од 3–4 мм. Се посолуваат и се печат во загреана рерна на 200°C околу 10–15 минути. Овој чекор е важен бидејќи така тиквиците нема да пуштат вода додека се пече мусаката.
Додека тиквиците се во рерна, на малку вода се динста ситно сечканиот кромид. Потоа се додава меленото месо и зачините, и сè заедно се пропржува околу 10 минути.
Википедиа
Во мала огноотпорна тава прво се реди половина од испечените тиквици, па потоа месото, и на крај останатите тиквици.
Во посебен сад се мати едно јајце со јогуртот, се додава малку сол и копар, па со таа смеса се прелива мусаката.
Се пече околу 35 минути на 220°C, додека не добие убава златна боја.
Совет: Ова јадење е идеално за оние што внимаваат на исхраната, не содржи масло, а сепак е сочно и полно со вкус.