Најубавата жена во Македонија со години, ја споредуваат со Моника Белучи: Безвремената Надица

Таа е една од науспешните македонски манекенки во историјата со интернационална слава. Уште веднаш кога се појави на сцената, цела Југославија зборуваше само за неа и за нејзината несекојдневна убавина. И со право! Надица Георгиева е олицетворение на безвременска убавина, природна и наша!
На 14-годишна возраст за прв пат учествува на модна ревија.
Забавата прераснува во сосема сериозна вокација кога на изборот „Лице на годината“, на ревијата „Базар“ на ниво на Еск Југославија во 1988 година, победува!
Од тогаш, почнуваат да се нижат успеси во и надвор од земјава, снимања на реклами, спотови, ревии во престижните модни центри, насловни страници, едиторијали...
Денес живее живот исполнет со многу патувања. Изгледа неверојатно убаво и потсетува на Моника Белучи. Сепак, на некој начин е пристутна во модниот свет бидејќи со нејзините деловни партнери ја има модната агенција „Моделс Ин“.