Ортахисар во Кападокија влезе на листата на Форбс на најубави села во светот

Добивај вести на Viber

Историското село во Кападокија, Ортахисар, се најде на листата на Форбс за 2025 година, во категоријата Педесет најубави села во светот. Ова е уште едно признание кое ја потврдува автентичноста на регионот познат по возењето со балони на топол воздух. Лоциран на шест километри од Ургуп, најголемата населба во Кападокија, Ортахисар е спој на природата и препознатливата карпеста архитектура.Токму вулканската топографија на регионот е во фокусот на Форбс, прикажувајќи го Ортахисар како заборавен монолит од кој дождот и ветерот во текот на милиони години ги формирале меките вулкански слоеви создадени од ерупциите, што всушност довело до појава на легендарните самовилски оџаци.

И замокот, кој го носи истото име како и селото, е всушност висок самовилски оџак, за кој се смета дека е издлабен во хетитскиот период, а во него има пештери, гулабарници и лавиринтски тунели. Нуди спектакуларен панорамски поглед, како една од највисоките точки во регионот.


Камените улички, тезгите наредени со кајсии и градините полни со чај со мирис на роза, но и фасцинантните цркви и манастири, говорат за богатото религиозно и културно наследство на Кападокија. Регионот нуди и други атракции, а неговите музеи и археолошки локалитети лани беа причина за над 4,37 милиони посетители. Мистериозните подземни градови, црквите врежани во карпи, пештерските хотели со современ комфор и спа третмани, јавањето коњи и грнчарските работилници, се надополнуваат со препознатливата кападокиска кујна и одличните вина, за што регионот неодамна доби и место на мапата на Туркије на светски познатиот водич MICHELIN.

Богатата туристичка и археолошка понуда на Туркије често ја следат и значајни културни и спортски активности и уникатни доживувања. Црноморскикот регион на земјата неодамна беше домаќин на престижен планински ултрамаратон, кој за прв пат се одржува во Туркије. Се одржа на планината Качкар, а е дел од натпреварот UTMB World Series, кој се организира во повеќе од 50 земји на пет континенти. На крајот на септември годинава, на планината Качкар, повеќе од 1.800 атлети од целиот свет ја тестираа својата издржливост.


Станува збор за една од најтешките патеки во светот, на која учествуваа познати имиња, меѓу кои Филип Аусерхофер, Кол Кембел, Даниел Осенз, Свен Кох..., кои заедно со другите натпреварувачи поминаа низ магливи врвови и длабоки долини на планината Качкар, а на крајот на трките беа пречекани од жителите на Ајдар во традиционални носии. Иако трката на 100 километри беше откажана поради обилни снежни врнежи, учесниците на трките на 50 и 20 километри покажаа одлична издржливост и успеаја да ги завршат. Победници на трката од 50 километри беа Кол Кембел во категоријата мажи, со резултат 4:29:19 и Јасмин Нуниге во категорија жени, која трката ја заврши за 05:21:52. Додека, пак, во трката на 20 километри победија Местан Турган и Бејза Ѓузел. 

*ПР објава