ОТВОРИ ОНЛАЈН ДЕПОЗИТ ВО ШПАРКАСЕ БАНКА ПРОМОТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ ЗА ОНЛАЈН ДЕПОЗИТ И ЗА ДЕТСКИ ДЕПОЗИТ

Во месецот на штедење, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов дигитален производ наменет за штедење – Онлајн депозит со промотивни каматни стапки и целосна дигитална достапност.
Депозитот претставува стратегиски чекор во дигиталното банкарство на Шпаркасе Банка со кое се овозможува клиентите да отворат депозит целосно онлајн, преку мобилната апликација S-Banka, без потреба од посета на експозитура. Со неколку кликови, штедењето станува брзо, едноставно и безбедно, без употреба на хартија и посета на експозитура.
Сите клиенти што ќе отворат онлајн депозит, преку мобилната апликација S-Banka, добиваат промотивна каматна стапка, која важи во периодот од 1.10.2025 до 31.10.2025.
КАМАТНИ СТАПКИ ЗА ОНЛАЈН ДЕПОЗИТИ
Штедење во денари:
·2,80 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
·2,70 % фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци
Штедење во евра:
·2,10 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
·1,90 % фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци
Дополнително, Шпаркасе Банка воведува промотивни каматни стапки за Детски депозит Плус со следните услови:
За штедење во денари, клиентите добиваат:
- 2,75 % фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
- 2,70 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
За штедење во евра:
- 2,00 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
- 2,05 % фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
„Горди сме што токму во месецот на штедење ги претставуваме новите решенија, кои комбинираат сигурност и иновација. Со ОНЛАЈН депозитот ја отвораме новата ера на дигитално штедење, а со Детскиот депозит Плус ја поттикнуваме навиката за штедење уште од најмала возраст. Со своето повеќедецениско искуство и поддршка од 200-годишната традиција на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, Шпаркасе Банка нуди сигурни и практични можности за финансиска иднина на своите клиенти“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.
ПР објава