Прослави роденден и го покажа трудничкиот стомак: Милица Тодоровиќ блеска од среќа

Пејачката Милица Тодоровиќ веќе некое време е присутна во медиумите. Имено, откако дозна дека е во блажена состојба и дека ќе роди момче, таа одлучи да се повлече од јавноста и поголемиот дел од времето го поминува во родниот Крушевац, пишуваат локалните медиуми.
Иако не зборува често за својот партнер и новото животно поглавје, Милица одлучи да ужива во својата среќа, а тоа не сакаше да го крие.
Имено, бремената Милица Тодоровиќ го прослави својот 35-ти роденден точно на полноќ опкружена со своите најблиски. Ги дувна свеќичките од роденденската торта со голема насмевка на лицето и сознанието дека најзначајната година од нејзиниот живот е пред неа.Милица блескаше на прославата за својот роденден, а цело време го галеше својот труднички стомак, не криејќи дека нејзината желба за роденден веќе се остварила.
Следбениците кои досега немале можност да ја видат бремената Милица, со воодушевување коментираат дека бременоста прекрасно ѝ одговара и дека е поубава од кога било.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Story.rs