Што паметат децата за мајката? Учителка 16 години им го поставувала истото прашање на учениците – и ги издвојила 10-те најчести одговори

Децата забележуваат и помнат многу работи на кои ние возрасните често воопшто не им обрнуваме внимание.
Можеби токму тоа треба почесто да го имаме на ум – особено кога размислуваме по што би сакале нашите деца да нè паметат.
Што прави да се чувствуваат сакани
Многу родители барем еднаш си го поставиле прашањето: што ќе памети моето дете, по што ќе ме памети кога ќе порасне? Една американска учителка веќе 16 години им го поставува ова прашање на своите ученици во пресрет на Денот на мајката.
Од нив бара да дадат совет за мајчинството – иако сами уште немаат деца.
„Им велам да размислат кои мали нешта нивните мајки ги направиле, а поради кои се чувствувале среќни или сакани. Во тој момент во училницата настапува тишина – децата пишуваат посветено, а на лицата им се појавува насмевка од убавите спомени,“ раскажува таа.
По многу години читање такви одговори, учителката дошла до едно интересно сознание – децата најмногу ги паметат малите, секојдневни гестови на нивните мајки, а не големите или спектакуларните работи.
Во време кога родителите често се под притисок да обезбедат „совршено“ детство, ова е потсетник дека највредни се малите моменти – присуството, разговорите, допирот.
Топ 10 работи што децата најмногу ги паметат од своите мајки
-
Доаѓаше навечер да ме покрие и да ми испее песна или раскаже приказна.
-
Ме гушкаше, ме бакнуваше и седеше до мене.
-
Поминуваше време само со мене, не само со сите деца заедно.
-
Внимаваше што јадам за да израснам здрав/а.
-
За време на вечера разговаравме што ќе правиме заедно за викенд.
-
Навечер разговаравме за сѐ – за љубов, училиште, семејство...
-
Ми дозволуваше долго да се играм надвор.
-
Се мазевме под кебе и гледавме омилена емисија.
-
Ме дисциплинираше – што ми покажуваше дека ѝ е грижа.
-
Ми оставаше мали пораки на масата или во ланч-пакетчето.