Таа од Берово, тој од Либан: Катерина Пипонски блесна покрај Захер Хатум -направија свадба како од бајките

Викендов во бајковитата природа на Берово, во магичното опкружување на „Аурора Ресорт & Спа“, своето „да“ го кажа прекрасната Катерина Пипонски. Таа се омажи за љубовта на својот живот – Захер, по потекло од Либан, со кој судбината ја споила пред неколку години во Саудиска Арабија.
Љубовната приказна на овој пар изгледа како роман: Катерина, додека работела како стјуардеса, таму го запознала Захер, кој води сопствена маркетинг компанија. Минатата година тој ја запроси токму во Арабија, на незаборавен и романтичен начин. Сега, двојката ја круниса својата љубов со свадба која ќе остане запаметена.
Катерина изгледаше неодоливо – прво во раскошен долг невестински фустан со елегантен вел, а потоа и во впечатлив краток фустан кој го истакнуваше нејзиниот стил и грација. Захер, исто така, блесна: најпрво во класичен црн смокинг, а потоа со бело сако кое додаде посебен гламур на вечерта.
Еден од најемотивните моменти беше токму кога Катерина, видливо возбудена и со солзи радосници, до олтарот ја однесе нејзиниот татко. Сцената ја разнежни целата атмосфера и ги исполни срцата на гостите.
По венчавката, младенците уживаа во гламурозна прослава под ѕвездите, со многу музика, танци и магични моменти во друштво на најблиските. Катерина сега ќе ја продолжи својата професионална приказна во Саудиска Арабија, каде што ќе работи во областа на внатрешен дизајн – ново поглавје за оваа инспиративна жена.