Тренд кој веќе владее: Нова техника на шишање која ќе ја пробате уште утре

Добивај вести на Viber

Слоевите во косата можат да бидат меч со две острици - можат да изгледаат фантастично или целосно да ви ја уништат фризурата. Дури и најискусните фризери понекогаш се мачат да го пронајдат совршениот баланс. Сепак, оваа сезона, се издвои еден тренд, за кој фризерите тврдат дека веднаш обезбедува повеќе текстура и сјај, без ризик фризурата да изгледа како лоша верзија на фудбалер.

Се работи за „внатрешните“ слоеви кои ѝ даваат движење и динамика на косата, а притоа не ја менуваат нејзината должина. Познатиот фризер Сал Салседо објасни за списанието „Гламур“ дека должината останува иста, додека структурата на косата внатре се менува. Овие слоеви се практични бидејќи го отстрануваат вишокот тежина, правејќи ја косата полесна и во исто време пообемна и обликувана одвнатре кон надвор.

View this post on Instagram

A post shared by YUKI  NAKATANI (@yukistylist)



За разлика од класичните слоеви кои најмногу ја креваат косата во пределот на темето, внатрешните слоеви ја намалуваат тежината на долгата коса и додаваат текстура без да создаваат дополнителен „обем“.



Резултатот е коса со избалансиран волумен, жив изглед и природно движење. Идеални се за оние кои сакаат да ја освежат својата фризура без да ја скратат косата или да прават големи промени.

View this post on Instagram

A post shared by YUKI  NAKATANI (@yukistylist)



Друга предност е што се лесни за одржување - едноставно можете да ја исушите косата на воздух и да го добиете посакуваниот ефект, бидејќи внатрешните слоеви ја нагласуваат природната текстура.

Фризерите истакнуваат дека се особено погодни за луѓе со густа коса: иако се незабележливи на прв поглед, тие внесуваат динамика и додаваат димензија на фризурата. Тие можат да бидат практично решение за кратки фризури, кои често се густи, но немаат доволно волумен.


РЖМ/ИС  - ФОТО: @POLLIANI / screenshot