Животна училница // Приказни
„ДА НАПРАВИМЕ БРЕНД ПО КОЈ ЌЕ БИДЕМЕ ПРЕПОЗНАТЛИВИ“: Божиноска - поднесена е иницијатива за заштита на македонскиот рубин
- 09 Октомври, 2025 15:54

Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин.
Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото.
Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит.
- Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи - истакна министерката на брифинг со новинарите.