Интервјуа // Интервјуа
                    
                ТАЊА ЦАРОВСКА ОД АВСТРАЛИЈА: Работам на голем театарски проект
 
                     Царовска со актерката Хелен Морс која ја игра главната улога во претставата[/caption]
Станува збор за проектот Memorial по истоимената поема на Алис Освалд, дело инспирирано од античкиот еп „Илијада“ на Хомер, динамичен реквием за најголемите жртви во војната. Музиката е на Џаслин Пук, британска композиторка номинирана за престижните награди „Златен глобус“ и „БАФТА“. Царовска има креативен придонес на неколку од музичките теми со нејзини вокални мелодии и импровизации. Премиерата е закажана на 3 март на „Аделаида Артс Фетивал“, а потоа следуваат изведби во Мелбурн, Бризбејн и во престижната лондонска сала „Барбикан“.
- Работата и развитокот на претставата ги започнавме уште во Лондон, во јули минатата година. Прилично е високобуџетна, вклучени се околу двесте луѓе. Има два хора, статисти, актери и танчари и секако музичкиот ансамбл во кој јас сум еден од тројцата вокални солисти. Сите различни на свој начин и многу успешни во својот домен. Во тимот се сите фантастични музичари од Англија и од Австралија, само јас сум специјална од „наши краишта“ – се шегува Царовска.
[caption id="attachment_18736" align="aligncenter" width="629"]

[caption id="attachment_18736" align="aligncenter" width="629"] Во слободните денови ужива на плажа со ќерка си[/caption]
Тања ќе остане во Австралија околу пет недели, а на патувањето ја придружува ќерка ѝ Матилда. Вели дека деновите ѝ се прилично исполнети со работа, а слободното време го користи за „летен одмор“.
- Откриваме различни плажи, патуваме до околните винарии, возиме велосипед и запознаваме пријатели. Се дружам со колегите, со повеќето од нив веќе сум работела на проекти во Англија. Уживаме во австралиското лето – вели популарната пејачка.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов
 Во слободните денови ужива на плажа со ќерка си[/caption]