Ти треба нова идеја за ручек? Отсега секој ден, нов рецепт со Битолска павлака

Практични и едноставни идеи и рецепти за планирање оброци, едукација и совети како да се приготви павлаката во секој оброк.
Ова се само дел од бенефитите кои ги добиваат потрошувачите со новоста која ја донесе Бимилк преку новата кампања за омилената Битолска павлака.
„Секој ден, нов рецепт“ е слоганот на кампањата која на потрошувачите им нуди поинаква радост.
На новите пакувања на Битолска павлака е имплементиран QRкод на цело портфолио на Битолска павлака. Со скенирање на кодот се насочуваат потрошувачите на веб страницата „Омилени рецепти со Битолска павлака“ каде со креирање на кориснички профил, добиваат пристап до збирка со рецепти, нови и инспиративни идеи за оброци кои откриваат бројни можности за користење на Битолска павлака.
Самиот профил овозможува секој корисник да креира свое неделно мени кое дава опција за полесно организирање на сите состојки кои недостасуваат, да ги подготви во листа која ќе користи при пазарувањето.
Во време кога многу потрошувачи се во трка со времето, немаат инспирација и се чудат што да направат денес за појадок, закуска, ручек или пак вечера, Бимилк со новите начини на комуникација овозможува лесен пристап до совети и рецепти за употреба на Битолска павлака, нудејќи многу можности и опции за комбинирање на павлаката во секој оброк.
Битолска павлака со имплементиран QR код достапна е во пакувања од 180г, 400г и 700г и истата веќе е во продажба во целата малопродажна мрежа низ земјата...
Па да не чекаме, да започнеме.
Битолска павлака за денеска ви предлага да приготвите - Мексиканска енчилада со пилешко месо
Пикантна, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал! Оваа мексиканска енчилада мора да ја направите. Штом ја дегустирате, пишете ни во коментар како ви се допаднала.
Целиот рецепт погледнете го овде.