Целокупната состојба не депримира, но ваквите загуби се страшен удар: Бешлиовска со длабоки емоции за починатата медицинска сестра Ирена

Добивај вести на Viber

Со вирусот се бореше од почетокот на ноември и Клиниката за инфективни болести и на на Пулмологија. Сите очекувавме Ирена дека конечно ќе излезе од болница и дека најлошто поминало, емотивно говори претседателката на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска.

Вели дека памдемијата на корона вирусот е посебно ризична за здравствените работници, кои беспоштедно се борат за секој човечки живот. И младата сестра Ирена Дојчиновска Милошевска се заразила на своето работно место во геронтолошката институција „13 Ноември“.

- Не отсуствуваше ниту еден ден од работа сите овие месеци. За жал, за нас, здравствените работници, ризикот од инфекција со вирусот е навистина преголем. И Ирена се заразни на своето реботно место. Се констатираше дека е позитивна на Ковид-19 некаде на почетокот на минатиот месец, и веднаш по првиот знак, температурата, беше хоспитализирана на Инфективната клиника. Не чекаше да и се влоши состојбата, па да побара лекарска помош, зошто точно знаеше што се може да направи вирусот. Беше на кислородна поддршка, прими и ковалесцентна плазма, а откако и беше констатирана пневмонија, посебно обилна на на едното белодробно крило, беше префрлена краток период и на Клиниката за пулмологија. По извесно лекување на оваа клиника, повторно е вратена на Инфективна, каде што за жал синоќа почина. Инаку немаше претходно коморбидитети, вели Бешлиовска.

Повеќе од изјавата на Бешлиовска, прочитајте на Фактор.мк