„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

Под мотото „Читај каде и да си!“, „Литература.мк“ ја почнува летната продажна акција со попусти до 50% на внимателно селектирани изданија. Акцијата ќе трае од 20 до 30 јуни 2025 година, во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и онлајн на www.literatura.mk.
Во акциската понуда се вклучени популарни наслови – романси, трилери и историска фикција – во издание на „Арс Ламина“ и „Сакам книги“.
Избрани наслови од „Арс Ламина“ се со попуст до 50%, а меѓу нив се вклучени бестселери како: „Градината на Олеандрите“, „Малибу во пламен“, „Кери Сото се врати“, „Станот во Париз“, „Семејни тајни“, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“, „Три желби“, „Писатели и љубовници“, „Последната годишнина“, „Едно лето во Италија“, „Лејла“, „Мојата Пепелашка“, „Совршенство“, „Изгубена надеж“, „Без Мерит“, „Исповеди“, „Безнадежно“, „Само ова лето“, „Лето како во Мама Миа“ и „Еднаш засекогаш“.
Книгите од „Сакам книги“ се со попуст од 30%, од нив ги издвојуваме: „Верити“, „Само пријатели“, „Можеби никогаш“, „Можеби сега“, „Фустанот и светец“, „Предоцна“, „Тунел“, „Девојчето во снегот“, „Балот на лудите жени“, „Бессони во Менхетн“, „Чуварот на крокодили“, „Беспрекорно“, „Враќање“, „Ослободување“ и „Добра и лоша“.
Време е за нова книга и нова летна приказна. Изберете наслов што ќе го направи ова лето незаборавно – каде и да сте.
Целата понуда можете да ја погледнете на следниот линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti
*Пр објава